уторак, 20. децембар 2011.
Некои градови во Македонија
Скопје
Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров, распространет на бреговите на реката Вардар.
Прилеп
Градот Прилеп е лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина. Прилеп е познат и како „градот под Марковите Кули“
Битола
Битола е трет град по големина во Македонија. Познат е под името „град на конзулите“ бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва.
Тетово
Тетово е град во северозападна Македонија. На падините на Шара односно во долната Полошка котлина. Тетово е град со богата историја населен со повеќе етнички заедници.
Велес
Велес се наоѓа во средишниот дел на Македонија на бреговите на реката Вардар. Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора.
Охрид
Охрид е град во југозападниот дел на Македонија. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Дојран
Дојран е историски град во југоисточниот дел на Македонија на брегот на Дојранското Езеро. Денес името Дојран го носат три населби размстени околу Дојранското Езеро: градот Стар Дојран, градот Нов Дојран и селото Дојран.
Струга
Струга е град во југозападниот дел на Македонија. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро.
Природни езера во Македонија
Охридско Езеро
Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија. Се карактеризира со богата историја и култура. Рибната фауна на Охридското Езеро ја сочиниваат 17 видови кои им припаѓаат на три групи: пастрмки, јагули и бели риби.
Преспансо Езеро
Преспанското Езеро е најголемо природно македонско езеро. Го делиме со Грција и Албанија, а најголем дел и припаѓа на Република Македонија. Но Преспанското езеро и ја губи својата вода заради варовничкиот карактер на Галичица и истекува Во Охридското Езеро преку изворите кај Свети Наум, но извира и на други места во Албанија.
Дојранско Езеро
Дојранското Езеро е најмалото природно езеро во Република Македонија. Се наоѓа во југоисточниот дел. Поголемиот дел и припаѓа на Македонија, а помалиот на Грција. Дојранското Езеро е полно со риби. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска.
Реки во Македонија
Вардар
Вардар е најголемата река во Република Македонија. Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Во реката Вардар се влеваат притоките: Лакавица, Пена, Бистрица, Лепенец, Треска, Пчиња и други.
Брегалница
Брегалница е река во источниот дел на Македонија. Поголеми притоки се: од десната страна - Злетовска, Кочанска и Оризарска Река, а од левата страна – Осојница и Зрновска Река.
Црна Река
Црна Река е најголема десна притока на Вардар. Извира од изворот Црна Дупка во близина на селото Железнец. Црна река има особини на рамничарска река.
Пена
Пена или Тетовска Река е најголемата Шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки.
Пчиња
Пчиња е лева притока на реката Вардар. Реката Пчиња припаѓа на егејското сливно подрачје. Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница, Крива Река и Кумановска Река.
Пријавите се на:
Постови (Atom)