уторак, 20. децембар 2011.

Некои градови во Македонија


Скопје

Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров, распространет на бреговите на реката Вардар.



Прилеп

Градот Прилеп е лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина. Прилеп е познат и како „градот под Марковите Кули“




Битола

Битола е трет град по големина во Македонија. Познат е под името „град на конзулите“ бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва.



Тетово

Тетово е град во северозападна Македонија. На падините на Шара односно во долната Полошка котлина. Тетово е град со богата историја населен со повеќе етнички заедници.



Велес

Велес се наоѓа во средишниот дел на Македонија на бреговите на реката Вардар. Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора.






Охрид

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.



Дојран

Дојран е историски град во југоисточниот дел на Македонија на брегот на Дојранското Езеро. Денес името Дојран го носат три населби размстени околу Дојранското Езеро: градот Стар Дојран, градот Нов Дојран и селото Дојран.



Струга

Струга е град во југозападниот дел на Македонија. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро.




Нема коментара:

Постави коментар