Вардар
Вардар е најголемата река во Република Македонија. Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Во реката Вардар се влеваат притоките: Лакавица, Пена, Бистрица, Лепенец, Треска, Пчиња и други.
Брегалница
Брегалница е река во источниот дел на Македонија. Поголеми притоки се: од десната страна - Злетовска, Кочанска и Оризарска Река, а од левата страна – Осојница и Зрновска Река.
Црна Река
Црна Река е најголема десна притока на Вардар. Извира од изворот Црна Дупка во близина на селото Железнец. Црна река има особини на рамничарска река.
Пена
Пена или Тетовска Река е најголемата Шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки.
Пчиња
Пчиња е лева притока на реката Вардар. Реката Пчиња припаѓа на егејското сливно подрачје. Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница, Крива Река и Кумановска Река.
Нема коментара:
Постави коментар